По турнејата низ цела Македонија, викендов се одржа финалето на изборот за Мис на Македонија 2016 за Miss Globe.
Победничка е 25-годишната Александра Тројановска, додека Прва придружничка е Ангела Ставреска, а титулата Втора придружничка jа освои Андријана Илиоска.
Александра ќе ја претставува Македонија на изборот Miss Globe 2016 што ќе се одржи на 25. Ноември во Тирана, Албанија, а Ангела и Андријана на други интернационални избори во наредната година за кои Модното студио Црнокрак поседува лиценци.
Како што соопштуваат од Црнокрак, беше избрана и претставничката на Македонија за Miss Evroazija 2016, 19-годишната Ивана Маневска, која заедно со минатогодишната победничка Елена Анѓеловска, наскоро ќе патуваат заедно за Истанбул, Турција каде и ќе се одржи овој избор.