По двомесечната турнеја низ Македонија со полуфиналните настапи, во саботата вечер во Куманово се одржа финалето на изборот за Зимска убавица на Македонија 2014.
Во конкуренција на 14 финалистки, победи Ивана Георгиевска, додека за Прва придружничка е избрана Ана Марија Таневска, а за Втора Вероника Николовска, сите три од Скопје.
Победничката добива право да ја претставуваа Македонија на еден од интернационалните избори за убавина или модели за кои Модното студио Црнокрак поседува лиценци, а исто така доби и стипендија од Универзитетот за Туризам и Менаџмент од Скопје во вредност од 6.000 евра.
Круната на новата мисица и ја предаде минатогодишната Зимска убавица, Кристина Димитријевска од Тетово.
Титулата Miss Body ја освои Ивана Димитрова од Штип, Miss Face е Ангела Спасовска од Куманово, а титулата од публиката ја освои Мартина Симоновска од Скопје. Miss Charm е Елена Маневска, Miss Photo Сара Таневска, двете од Скопје, а Miss Friendship Моника Коцовска од Тетово.