Моделот на чевла кој се вика Вара заедно со модната куќа Салваторе Ферагамо оваа година го слават својот 35 ти роденден.
Легендарната потпетица која од сезона во сезона ја задржува својата форма и линија , само добива нова боја и се збогатува со детали, секако е една од најпродаваните и најпрепознатливите модели на оваа модна куќа. За јубилејниот роденден да не помине туку така и да биде прославен со стил како што и впрочем и прилега на оваа модна куќа, Ферагамо во нивниот проект вклучија бројни светски стилски икони како убавата Мирослава Дума, шармантната Оливија Палермо, откачената Сузи Бабл, Лили Алдриџ, Електра Видеман,Џесика Харт и бројни други убавици кои се најдоа во улога на амбасадорки на оваа модна куќа и со големо одушевување и ентузијазам ги изработија своите Вара.