Кога дамите од високото американско друштво сакаат да се маскираат, тие не организираат обичен маскенбал!
Облечени во креации од најпознатите дизајнери што создаваат висока мода и со по некоја маска на лицето, познатите девојки од Њујорк се појавија на хуманитарниот бал на кој се собираа средства за спас на венецијанското културно наследство.
Каролина Куркова
На балот едноставно наречен „Save Venice“ беа собрани огромен број средства што ќе бидат употребени за реставрација на бројните венецијански палати и споменици на културата.
Лорен Санто Доминго
Балот оваа година се одржа во реномираниот хотел Пјер каде своите маски ги покажаа ИТ девојките како Лорен Санто Доминго, Каролина Куркова, семејството Ројтфилд, Прабал Гурунг, дизајнерката Мери Катранзу, Марта Стјуарт и уште многу други.
Џесика Харт
Облечени во креации на Долче и Габана, дамите вечерта успеаја да соберат рекорден износ на средства во износ од милион долари. Успехот на хуманитарниот бал беше прославен со танц до утринските часови, со многу шампањско и бројни насмевки и добро расположение.
Би Максвел
Во продолжение во галеријата погледнете ги најдобрите комбинации и маски што њујоршките дами ги направија за овогодинешниот бал!