Гугенхајм Меѓународната Гала вечер ги спои ѕвездите и уметноста

7 ноември 2014

Се чини дека Њујорк, комплетно го оправдува епитетот на град кој живее 24/7. Потврда за ова се и неколкуте настани кои вчеравечер пулсираа во ритамот на градот. Еден од најважните беше Гугенхајм Меѓународната Гала вечер. Најважните претставници на модата и културата беа присутни на овој гламурозен настан кој се одржа во Музејот Гугенхајм.

Констанс Јаблонски, Дрек Бласберг, Хари Брант, Лорен Санто Доминго и Табита Симонс Констанс Јаблонски, Дрек Бласберг, Хари Брант, Лорен Санто Доминго и Табита Симонс

Најголемиот поддржувач на проектите кои се лансираат и реализираат во текот на годината, во Музејот Гугенхајм, особено во рамките на уметноста е LVMH групацијата. Имено, пред извесен период во Париз, се отвори и нов центар на современа уметност – Фондација Луј Витон.

Оваа година Гугенхајм Меѓународната Гала вечер се одржа под покровителство на модната куќа Диор. Ѕвездениот настан беше еден вид увертира за она што следеше подоцна, а тоа беше изложба на неколку уметници како Кари Мае Вимс, Хајнц Мек, Ото Пинес, Гантер Уекера и Бат Јанвеја.

Главната цел на вечерта беше да се соберат средства за поддршка на различни програми проекти на Музејот, вклучувајќи ги тука образовните и кураторските истражувања. Билетите за Гугенхајм Меѓународната Гала вечер чинеа од 200 – 650 долари. Со купување на билет,  секој гостин може да придонесе за развојот на уметноста и се разбира да добие можност прв да ја види подготовката и отворањето на изложбата.

Мерион Котилард Мерион Котилард

Меѓу гостите можеа да се забележат голем број славни личности, меѓу кои и актерката Мерион Котилард, чиј избор на обувки беше мошне впечатлив. Станува збор за чизми до глужд во јак портокалово – розов тон, кој таа ги искомбинирала со коктел црн фустан потпишан од Диор. 39 – годишната, Оскаровка, која нема свој личен стилист, изгледаше по малку како дамите од Версај со паднатите раменици на фустанот и нагласениот пеплум момент во делот околу половната.

Натали Портман Натали Портман

Во низата ѕвезди кои дојдоа на Гугенхајм Меѓународната Гала вечер, беше и актерката Натали Портман. „Црниот лебед“, носеше прекрасен фустан на Диор во асиметричен крој, суптилно декориран со постава која ѕиркаше во долниот дел од креацијата, изработена од украсна тантела. Едноставната шминка и фризурата во стилот на 1940-тите уште повеќе ја нагласија грациозноста и природната убавина на актерката.

Џесика Бил  Џесика Бил

На манифестацијата пристигна и младата Џесика Бил која деновиве ги бранува медиумите со информацијата дека таа и пејачот Џастин Тимберлејк се во очекување на своето прво дете.  Без разлика на фактот што информацијата не е сè уште потврдена актерката актерката изгледаше многу гламурозно.

Бил, се одлучи за коктел фустан во слоевит крој без рамки кој нежно ја следеше силуетата на нејзиното тело, додека текстурите на материјалите се преливаа од црна кон златна, пастелно розова и бела боја.

Во галеријата погледнете ги и останатите гости кои беа дел од годинешната Гугенхајм Меѓународната Гала вечер:

Објавено:
7 ноември 2014
Категорија: 
Сцена