44 кукли за УНИЦЕФ

10 ноември 2014

Шанел Шанел

Шанел, Гучи, Ланван се само дел 44-те модните имиња и брендови што земаа учество во најновата УНИЦЕФ хуманитарна акција, насловена како Little Faces. Сите учесници имаа за задача да креираат кукла, која подоцна оди на продажба. Собраните средства ќе бидат наменети за вакцинација на децата во областа Дарфур, во Судан.

Куклите ќе бидат изложени од 18-ти до 23-ти ноеври во Théâtre du Châtelet во Париз, а почетната цена на секоја од ниве 700 евра.

Инаку, ова е 12-та акција по ред на УНИЦЕФ, а секоја година сè повеќе членови се приклучуваат. На дел од дизајнерите, ова не им е првпат да дизајнираат кукли за добротворни цели. Соња Рикел, Диор беа дел и од минатогодишната акција, а оваа година темата е опера. Така, дизајнерите требаше да осмислат кукли во креации соодветни за посета на опера, а дел од тоа што направија, погледнете во продолжение.

Ен Фонтеин Ен Фонтеин

Антик Бантик Антик Бантик

Долче и Габана Долче и Габана

Диор Диор

Гучи Гучи

Соња Рикел Соња Рикел

Објавено:
10 ноември 2014
Категорија: 
Актуел