Дизајнерите креираа за Барби

11 март 2016

Околу 700 Барби кукли се облечени во дизајнерски аутфити на изложбата која по повод 57-от роденден на најпознатата кукла, беше отворена вчера во Музејот за декоративни уметности во Париз.

Специјално за Барби, креираа Оскар де ла Рента, Диор, Дајан фон Фурстенберг, Софија Вебстер, Шанел, Џереми Скот, Жан Пол Готје, Соња Рикел, Пако Рабан, Сен Лоран и уште многу други познати модни брендови.

„Оваа кукла е направена како играчка, но не за гушкање, туку за облекување. Кога Елиот и Рут Хендлер ја направија Барби во 1959 година, заедно со неа дојде и гардеробер полн со облека, вели кустосот на изложбата, Ана Мониер.

Изложените барбики претставуваат различни карактери и професии, од инженери до политичари (таквите дури и неверојатно потсетуваат на претседателскиот кандидат во актуелните избори за Претседател на Америка, Хилари Клинтон).

 

 

Објавено:
11 март 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
324 пати