Mattel ја создаде првата верзија на барбика со Даунов синдром

26 април 2023

Mattel, компанијата која стои зад брендот Barbie, ја креираше првата барбика што претставува лице со даунов синдром.

Новата кукла е дел од линијата Barbie Fashionistas чија што цел е да им понуди на дечињата малку поразлична интерпретација на убавината, но и да го елиминира стигматизирањето лицата со физички хендикеп.

Претходните барбики од оваа линија вклучуваа кукла со вештачка нога, верзија со помагала за слух, барбика со инвалидска количка и модел со витилиго.

Со цел да ја изработи последната од низата, Mattel соработуваше со Американското Национално здружение за Даунов синдром. Формата, одредените специфични карактеристики, па дури и облеката и додатоците се внимателно креирани за да дадат што поавтентична слика за моделот.

Откако беше креирана првата барбика во1959, моделите беа речиси идентични, со светла боја на кожата, слаби, русокоси со големи гради и тенок струк. Компанијата наиде на критики и конечно во 2016 почна да создава пореалистични модели на барбики.

Новите кукли беа поинклузивни и поразлични од претходничките кои прикажуваа, помалку, нереална слика. Барби доби четири различни типови на тело, седум нијанси на боја на кожа, дури 22 бои на очи и 24 различни фризури.

Еволуцијата продолжи со Barbie Fashionistas, во 2019-та.

Фото: Mattel

Објавено:
26 април 2023
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
314 пати