Најпознатата кукла прослави половина век постоење

23 јануари 2014

Со помош на колекционерите, во амстердамскиот музеј „Tassenmmuseum Hendrik“ или попознат како музеј на чантите и актовките, е поставена изложба на најпознатата кукла во светот-барбиката, која слави половина век постоење. Таа прилика е причината за симболичното изложување на 50 кукли во различни дневни комбинации, автентични за одредена временска декада, почнувајќи од 1960 година.

 

Меѓу изложените модни додатоци застапено е се што тогаш се носело па до популарниот диско тренд. Изложбата е организира со помош на колекционерите на Барби од целиот свет, а од куклите се забележува  дека во седумдесетите Барби стана русокоса и доби насмевка.

 

Објавено:
23 јануари 2014
Категорија: 
Актуел