1.Модната ревија на Парабал Гурунг
Ова шоу беше вистинско уживање и за очите но и за носот. Гостите на ревијата, беа граѓани кои немаат никаква врска со модата и освен што имаа ексклузивна можност да следат модно шоу во живот тие си заминаа дома и со парфем што содржи ноти од буграрски рози и амбер, направени од сестрите Саманта и Даун Голдворм.
2.Најсимпатичната фотка од NYFW на сите времиња
Кога париското издание на Вог Париз ја објави фотографијата на насмеаната Ана Винтур со Харпер Бекам, во истиот момент таа беше прогласена за најсимпатична фотографија на сите времиња.
3. Забавата на Филип Лим
Прославата на Филип Лим за сорабтоката со Таргет без соменение беше една од најпосететните забави за време на модната недела. Во рамките на забавата посетителите имаа можност да купат некој од моделите.
4.Јубилеите на Дона Каран и Ели Тахири
Дона Каран прослави 25 години од продавање облека и поставување трендови. Таа ги изненади гостите на нејзиното DKNY шоу со пејачката Рита Ора како нејзин завршен модел и приреди забава во чест на четврт век од нејзиниот ангажман во модниот свет. Ели Тахари пак прослави 40 години во модата.
5.Танцот на Диана фон Фурстенберг
Диана вон Фурстенберг ги изненади сите на нејзината последна ревија. После појавувањето на Наоми Кембел, танцот на дизајнерката е еден од моментите за кои долго ќе се зборува.