Адам Левин и Ештон Качер на прошетка со дечињата

17 август 2018

Светските медиуми вчера споделија фотографии од актерот Ештон Качер и пејачот Адам Левин како уживаат во прошетката со своите најмали, а со што предизвикаа лавина позитивни коментари.

Во Лос Анџелес, Качер купуваше и го шеташе 20-месечниот Димитри, кого го има во бракот со актерката Мила Кунис. 

Инаку, двојката се зема во 2015 години, а во емисијата на Џејмс Корден, Кунис изјави дека знаела дека се омажила за вистинскиот човек. Таа тогаш беше во третиот месец од бременоста и потенцира дека секогаш ја има апсолутната поддршка од Качер, а фотографиите само го потврдуваат тоа.

Од друга страна, во Калифорнија, Адам Левин ужива во друштвото на својата речиси двегодишна ќерка Дасти Роуз. Пејачот го привлече вниманието не само поради прекрасната ќеркичка, туку и поради впечатливата розова маичка, во комбинација со спортска облека, синџирести ланчиња и качкет. И Дасти е облечена во розова комбинација, па оваа модна усогласеност помеѓу ќерката и таткото предизвика симпатии кај многумина.

Освен Дасти, пејачот и неговата сопруга, моделот Бехати Принслу, ја имаат и шестмесечната ќерка Џио, која се појавува и во последниот спот на Maroon 5 за песната „Girls like you“.

Објавено:
17 август 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
344 пати
Извор: 
daily mail