Бехати Принслу и Адам Левин го очекуваат првото дете!

11 март 2016

Ангелот на Викторија Сикрет Бехати Принслу и нејзиниот сопруг Адам Левин го очекуваат нивното прво дете, пишува US Weekly. 

Во текстот, магазинот посочува дека фронтменот на групата Maroon 5 е пресреќен за новостите, а неговата сопруга е во третиот или четвртиот месец од бременоста. 

Дваесет и шестгодишната манекенка е во брак со пејачот од 2014 година кога се венчаа на тајна церемонија во Мексико. 

Во нивните интервјуа тие речиси секогаш посочуваат дека сакаат да имаат многу деца, особено Адам кој вели дека би можел да има дури и 100 деца. 

Прекрасната Бехати оваа недела се појави на лансирањето на новата линија костими за капење на Викторија Сикрет во широка бела бохо маичка, со што многумина се посомневаа дека таа сака да го сокрие стомакот. 

„Отсекогаш, уште кога бев мала си замислував дека имам големо семејство. Јас немам браќа и сестри, па можеби поради тоа сакам да имам многу деца, како на пример 10 или слично“, изјави манекенката во едно неодамнешно интервју.

Објавено:
11 март 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
983 пати