„Animal“ на „Maroon 5“ освен како експлицитно се покажа и доста проблематично

3 октомври 2014

Неодамна беше промовиран најновиот видео спот на популарниот рок-поп состав „Maroon 5“,  каде во главната улога покрај фронтменот Адам Левин се појавува и неговата неодамна венчана сопруга, моделот и ангел на Викторија Сикрет, Бехати Принсло. Доколку досега не сте го погледнале видеото, во истото е раскажана доста психоделична приказна каде Левин  е патетично опседнат со Принсло која сака да ја добие на секој начин.

Експлицитната содржина каде тој има улога на месар опкружен со многу крв и месо,  наиде на негативни реакции што кренаа голема прашина. Бендот доби критична реакција од организацијата за борба против сексуална злоупотреба, со став дека промовираат личности што ги демнат жртвите пред да ги злоупотребат.

 

Додека од популарниот бенд сè уште нема реакција, манекенката на својот  Твитер профил напиша:„ Спотот излезе и навистина е крвав, подготвени сме за ноќта на вештерките“.

Покрај експлицитната содржина од музичкиот спот, по се изгледа Левин сака дополнително да биде во фокусот на медиумите. Тој во свое неодамнешно интервју на саркастичен начин го опиша бракот како институција, како и тоа дека му е многу „лесно“ Бехати да ја нарекува како сопруга.

Објавено:
3 октомври 2014
Категорија: 
Актуел