Адам Левин повеќе не е слободен човек. Фронтменот на групата Maroon 5 и русокосиот ангел на Викторија Сикрет, моделот Бехати Принсло, застанаа на лудиот камен изминатиов викенд и го кажаа судбоносното „Да“ на мексиканското монденско летувалиште Лос Кабос.
Поранешниот најсекси маж во светот и прекрасната манекенка се венчаа во присуство на 275 гости. Пејачот радосната вест ја сподели и на социјалните мрежи:
„Да го направиме тоа“, напиша Левин неколку часа пред свадбата.
Свадбениот фустан на Принсло беше долг и во чиста бела боја, дело на модната куќа Маркеза, а Левин носеше црн костум со бела кошула. Својата венчавка ја прославија со мексиканско мени под отворено небо во друштво на многу ѕвездени гости меѓу кои Јохан Хил, Џејсон Сегел, Роберт Дауни Џуниор, Коко Роча, Кендис Сванпул, Ерин Хетертон и други. На церемонијата и претходеше интимна вечера на плажа.
„Сите гости беа среќни и опуштени. Беа во позитивно исчекување за најважниот ден на оваа брачна двојка“, изјави репортер од магазинот People.
Имено, пејачот и манекенката се во врска од 2012 година и со помали прекини успеаја да останат заедно, иако Адам во неколку наврати има изјавено дека никогаш нема да се ожени. На крајот сепак победува љубовта.