За џабе не е кажано дека жените се украс во друштво на послната половина, но доколу и другата страна доследно парира, тогаш се добива обострана стилска префинетост што несомнено ги буди туѓите погледи. Меѓу славните ѕвезди е многу лесно да се најдат вакви стилски парови што покрај од љубовен се надополнуваат и од моден аспект. Каде и да се појават тие зрачат со усогласена маркантност, а од селекцијата ги издвојуваме: Адам Левин и Бехати Принсло, Дајан Кругер и Џоашуа Џексон, Гвен Стефани и Гавен Росдејл, Кира Најтли и Џејмс Ригхтон, Натали Портман и Бенџамин Милпије, Сиена Милер и Том Стариџ.
Кога еден маж е во во друштво на ангел од Викторија Сикрет се разбира дека и тој треба да биде од сличен калибар. Пејачот Адам Левин ретко се двои од својата понежна половина, а на црвениот килим тие секогаш имаат одлична стилска усогласеност. Од оваа фотографија тој зрачи во елегантен костум, а таа плени со сексапил од длабокото деколте на црвениот коктел фустан. Елегантни и софистицирани, епитети што лесно се прилепуваат на оваа стилска двојка.
Дури и на прошетка низ њујоршките улици Дајан Кругер и Џошуа Џексон добро знаат дека нема да останат нефотографирани од дежурните папараци. Рамни обувки, џинс, летни шапки и очила за сонце, Дајан и Џошуа и повеќе од очигледно внимаваат како изгледаат во пар, а можеме да погодуваме и дека се договараат.
Нашиот најголем фаворит се Гвен и Гавин. Иста прва буква од името, ист моден стил, за да се биде успоглесен со модната икона Гвен Стефани треба да се биде на иста модна фреквенција. Дека одамна се нашле на таа бранова должина покажува нивната константна стилска усогласенот како што е и примерот од овој црно-бел рокерски стајлинг.
Ништо помалку впечатливи не се и Кира Најтли и нејзиниот партнер Џејмс Ригхтон. Оваа комбинација на актерката беше доста коментирана низ медиумите, но ретко кој го потенцира колорното усогласување на парот. Небесно сината е избор и на двајцата, а ова не е единствениот стуичај кога и тие како и повеќето славни парови носат исти бои.
Спортската-елеганција е резервирана за Натали и Бенџамин. Сепак, Портман преферира женственост на високи потпетици, но преку своите стајлинзи не се двои премногу од својата посилна половина кој пак како и повеќето мажи ги сака спортските комбинации. Тие се доказ дека модниот баланс во пар секогаш е возможен, но со магичното стапче на љубовта.