Покрај тоа што овие двојки чувствуваат огромна љубов еден кон друг, тие се и страсно вљубени во модата.
Со секое нивно појавување, тие му даваат на светот повод длабоко да воздивне. Секогаш ултра модерни, со изострен стил, тие едноставно се вистински празник за очи каде и да се појават.
Во продолжение погледнете некои од најстилските двојки на светот и инспирирајте се за одлични комбинации со вашето момче/девојка.
Дајан Кругер и Џошуа Џексон
Таа е миленичка на многу модни куќи ширум светот, а тој едноставно е еден од најшармантните момци на денешницата. Двајцата во комбинација – двојка со „лудо“ чувство за стил.
Кејт Босворт и Мајкл Полиш
Чести гости на првите редови на модните недели и двојка која дефинитивно ја обожува модата. Тие се лудо вљубени еден во друг, а тоа го покажаа и со свршувачката минатото лето.
Оливија Палермо и Јоханес Хуебл
Тие се една од омилените селебрити двојки на многумина ширум светот. Ние едноставно ги обожаваме и нив и нивното неверојатно чувство за мода!
Кејт Мос и Џејми Хинс
Станува збор за Кејт Мос, секако дека покрај неа секој маж ќе го изостри своето чувство за мода!
Викторија и Дејвид Бекам
Секако, доколку ги заборавиме нивните модни избори во 90 – те, веднаш може да ги прогласиме за ултра стилска двојка. Таа дизајнерка, а тој прекрасен маж со одлично тело на кое како сè да му стои. Што да се каже повеќе?
Гвен Стефани и Гавин Роздејл
Овие двајца како да не знаат да згрешат кога е модата во прашање. Покрај неверојатно среќното и хармонично семејство, очигледно е дека тие создале и неверојатна хармонија во нивните комбинации.
Кира Најтли и Џејмс Рајтон
Кога тој не е во маичка и патики уживајќи во прошетките со сопругата Кира Најтли, изгледа скоро па совршено во костим. А дали има потреба да говориме за прекрасната и талентирана Кира и нејзиното чувство за мода?
Ема Стоун и Ендру Гарфилд
Нивните комбинации кога шетаат низ улиците на нивниот Њујорк едноставно се тотално кул. Внимателно одбраните парчиња и шик комбинациите на истите, покажуваат дека Ема Стоун и Ендру Гарфилд се вистински вљубеници во модата.
Ева Мендес и Рајан Гослинг
Рајан Гослинг е веќе добро познат кај женската, па и машката публика кога станува збор за неговата фигура и стил. Таа е едноставно Ева Мендес, онаа што создава ултра шик колекции што девојките ги обожуваат!
Анџелина Џоли и Бред Пит
Црното е секогаш вистинскиот избор за оваа двојка, а мора да признаеме и дека таа е бојата што им прилега едноставно одлично. Ние едвај чекаме да ги видиме Анџелина и Бред на црвениот килим каде тие секогаш се пример за гламур!
Хелен и Фарел Вилијамс
Тие веќе неколку години се на врвот на листите најдобро облечени двојки, па воопшто не е ни чудо што се најдоа и на оваа.
Бехати Принсло и Адам Левин
Таа е една од најбараните манекенки на денешницата и жена со неверојатно чувство за стил и надвор од модните писти. Жените го обожуваат, а покрај неа и Адам Левин изгледа тотално шик!
Рејчел Вајс и Даниел Крег
Од црвениот килим па се до романтичните прошетки на Менхетен, оваа двојка е една од најстилските. Покрај тоа што и двајцата се успешни и неверојатно интелигентни актери, тие се и лудо вљубени во добрите комбинации.
Иди Кемпбел и Отис Фери
Таа зема се поголем замав кога станува збор за ангажманите на пистите и е една од најбараните модели на денешницата. Тој го обожува стилот на Гетсби, па нормално е дека многу брзо ќе станат една од најстилските британски двојки.
Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс
Таа е муза на многу светски дизајнери, а тој на многу девојки ширум светот. Уште во „Озборувачка“ Блејк покажа дека има единствено чувство за стил, а Рајан секојдневно се повеќе не изненадува.
Кери Мулиган и Маркус Мамфорд
Светот ја знаеше и претходно, но по Големиот Гетсби Кери стана омилена меѓу омилените трендсетерки во светот. Во комбинација со неговиот фолк стил, тие двајца се естра модерна и шармантна холивудска двојка.
Сиена Милер и Том Стуриџ
Настрана нивната бурна врска, оваа двојка нема грешки кога станува збор за модата. Токму затоа и двајцата беа најмени за главни лица на кампањата на Бурбери за есен/зима 2013 година.
Кејт Хадсон и Мет Белами
Кејт и Мет се уште една комбинација на музичар и актерка што одлично знаат да ги носат парчињата облека и да изгледаат неверојатно модерно и стилски.
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам
Откако јавноста дозна за неа, таа со брзина на светлината стана миленичка на Британија и славните дизајнери. На светот не постои двојка што знае да се облече подобро од нив кога станува збор за формален настан.