Во светот на бизнисот, модата и убавината се е дозволено, особено ако се милионски суми во прашање. Еве некои од „најчудните“соработки до сега:
„Навистина многу го почитувам овој бренд , јас отсекогаш возам Range Rover, за мене ова возило е олицетворение на квалитет и луксуз“, Изјави Викторија на пресот по повод склучувањето на договор со Range Rover во 2012 година.
Таа е божествената актерка на која портокаловите бикини во серијалот на еден од бондовите филмови и стоеше совршено. Во филмовите носи гламурозни обувки со високи потпетици, но во секојдневниот живот црномурестата убавица сака попрактични чевли. Желбата е толку голема што се реши да соработува со германскиот бренд Deichmann. Во 2012 година тие потпишаа договор, а славната ѕвезда доби широк спектар на модели и бои од омилените обувки.
Нејзината мистична ќутливост и паролата „никогаш не се жали и никогаш никому ништо не објаснувај“, се мошне слични со инспиративните мисли на азиската култура и традиција. Па така стана заштитно лице на кутија во која се разнесува суши. Одговорните лица во суши продавницата се навистина задоволни од оваа соработка бидејќи секој сака да проба од сушито кое го носи потписот на овој славен модел.
Дали знаете дека Ниал сака цреша, а Луј пак ванила. Не сте збунети момците од бендот One Direction решија своите имиња да ги стават на козметички производи и шминки. Колекцијата на брендот за декоративна козаметика Mua е наменет исклучиво за млади, вљубени и полни со елан девојки.
„Проблематичната“ Линдзи Лохан е позната по бурниот живот, приведувањата во полиција, дрога и алкохол, но и како заштитно лице на француската модна куќа Унгаро. Таа беше ангажирана од страна на Естрела Арч за колекцијата која промовираше верувале или не спортски дух.
Познатиот бренд Rodarte, чии дизајни ги носеа многу славни личности како Натали Портман и Кира Најтли, во ноември 2012 година, склучи договор со Starbucks за изработка на дизајнот на чаши во кои ќе се служат топли пијалаци. Тоа беше најевтиниот модел креиран на оваа модна куќа.
Дали знаевте дека креативниот директор на Шанел е вистински чокохолик. Тој во 2011 година дизајнираше хотелски апартман изработен исклучиво од чоколадо. Во самиот проект беше вклучена и неговата муза моделот Баптиста Џабикони.
Фронтменот на групата Babyshambles Пит Доерти ја канализира неговата опсесија за ситни украси и орнаменти во колекција од 15 парчиња накит што вклучува прстени, синџири, со наслов Albion Trinketry. Дизајнерката за луксузни парчиња накит Хана Мартин помогна да се осмисли и дизајнира оваа збирка, во 2010 година кога беше и склучен договор помеѓу нив.
Брендот кој царува на црвениот тепих Marchesa, ги изненади сите свои обожаватели кога реши да дизајнираат колекција на висока мода со примеси на спортска елеганција . Склучија договор со фудбалскиот тим на New York Jets. Всушност станува збор за спортски маички кои се најдоа на телата на Сандра Булок, Ен Хатаваеј и Хали Бери. Се чини дека елеганцијата и гламурот не се повеќе она што го прави црвениот тепих софистициран и единствен, сега црвената патека ја освојуваат природната енергија надополнета со навивачко-спортски дух.
Некој ќе помисли дека таа е само фиктивна фигура, но во ноември 2011, слатката Мис Пиги, стана заштитно лице на козметичка линија производи кои ги лансираше Mac низ целиот свет. Колекцијата вклучува вештачки трепки, розов руж и црн туш.
Младите и не толку популарни дизајнери, за да добијат малку повеќе внимание и екстра публицитет прават интересни и невообичаени работи. Имено Ричард Никол отиде надвор од границите на возможното. Тој создаде лимитирана едиција на 50 модели на фустани инспирирани од тропскиот пијалак Тропикана. Ова е врвот зарем не?