Линдзи Лохан ќе стане модна блогерка

20 август 2013

lindzi

Проблематичната актерка Линдзи Лохан, после рехабилитацијата сака да стане модна блогерка.

Во интервјуто кај Опра Винфри, таа изјави дека е подготвена за новото поглавје и во таа чест ќе отвори блог и ќе пишува. Освен за модата, Линдзи ќе пишува и за неа самата и работите со кои се соочувала.

Исто така, блогот ќе опфаќа и видеа и фотографии од Линдзи, како и насловни страници и статии од весници кои се однесуваат на нејзиниот стил.

Но, со оглед на нејзините големи модни „утки“ се поставува прашањето, дали навистина сакаме модни совети од Линдзи? Како и да е, поради нејзината контроверзност, многу веројатно дека lindsaylohan.com, ќе биде мошне посетуван, но модните критичари се надеваат дека нема да биде применуван.

lindzi 2

Објавено:
20 август 2013
Категорија: 
Сцена