Бритни е следна: Публиката бара од Опра интервју со пејачката

11 март 2021

Во времето пред социјалните мрежи, кога некоја позната личност сакаше да се исповеда, да ја каже својата страна на приказната и да ја шокира јавноста, не објавуваше километарска објава на Инстаграм или видео на Јутјуб. Едноставно, седнуваше во емисија кај Опра Винфри.

Токму на нејзиниот кауч скокаше Том Круз кога беше многу среќен и заљубен, зборуваа Витни Хјустон и Мајкл Џексон, плачеше Линдзи Лохан.

Иако  нејзиното шоу по 25 години траење, веќе не се емитува, Опра знае повремено да изненади со некоја ексклузива, како онаа на 7 март со Хари и Меган.

Инспирирана од тоа, публиката на Твитер, побара од водителката ексклузивно испецијално интервју со пејачката Бритни Спирс, чија кариера неколку години е во затишје поради проблемите со менталното здравје кое пејачката ги искуси. Документарниот филм Framing Britney Spears ги инспирира фановите да побараат да ја слушнат страната на Бритни, а која може да го направи тоа подобро од Опра.

,,Се надевам дека по ова интервју, Меган и Опра ќе одат кај Бритни и ќе ја ослободат и неа" ,,Повторувајте по мене: CBS ви го претставува интервјјто на Опра со Бритни" ,,Опра, Бритни нека биде следна" - се само дел од објавите.

Дали водителката ќе ги послуша фановите, па ќе имаме можност да ја слушнеме и верзијата на Бритни, останува да видиме.

Објавено:
11 март 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
275 пати