Бритни Спирс се огласи околу контроверзниот документарен филм за неа

10 февруари 2021

Пејачката ја прекина тишината околу документарниот филм The New York Times Presents: Framing Britney Spear вчера. Таа на својот Твитер профил, меѓу останатото изјави: ,,Запомнете, без разлика што мислиме за нечиј живот, тоа не е ништо во споредба со она што го преживува човекот позади објективот"

Секој човек има мислење околу се' она што и' се случува(ше) на Бритни Спирс, па дури и вие, иако го тврдите спротивното или не сте свесни за тоа. Од неколкуте лоши одлуки кои ги донесе во 2007, целиот живот на пејачката како да тргна надолу, па веќе 12 години, Бритни има траен старател - нејзиниот татко. Неговата улога е да донесува одлуки наместо својата ќерка и да располага со нејзините финансии.

Минатата година се поткрена движењето #FreeBritney од луѓе кои сметаат дека трајното старателство е вистински затвор за пејачката и дека на нејзиниот татко треба да му се одземе таа моќ. Секако, постојат и оние кои тврдат дека Спирс се'уште не е способна да се грижи за себе и да располага со своите финансии.

Ваквата поделеност во јавноста беше главната причина FX да го создадат домументарниот филм за пејачката со наслов The New York Times Presents: Framing Britney Spear.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Филмот беше премиерно прикажан пред некој ден, а веднаш по неговото излегување, многу јавни личности и' пружија поддршка на Бритни.

 

Објавено:
10 февруари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
276 пати