Зошто #FreeBritney стана вирален хит?

17 јули 2020

Доколку сте отвориле социјални мрежи последниве неколку дена, нема шанси да не сте ја забележале ознаката #FreeBritney. Од познати ѕвезди, до обични луѓе и нејзини обожаватели, сите се фотографираат со оваа ознака, а ако се прашувававте за што се работи еве го одговорот.

Оваа ознака премина всушност во движење. Бритни беше една од најпопуларните поп ѕвезди, омилена личност на цела една генерација. Но, светлата иднина која сите мислеа дека ја чека, се претвори во еден сосема нов пат, полн со неизвесност и драма.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Nicole "Snooki" Polizzi (@snooki) onJul 16, 2020 at 1:50pm PD

Венчавка и развод преку ноќ, бричење на главата, удирање по автомобилот со чадор од папарацо-фотограф, промени во расположенијата, па втор развод и на крај губитокот на старателството над децата -  сето ова изгледа беше премногу за Спирс.

Од најпопуларната ѕвезда во 90-тите, таа стана жена која последните 12 години живее под строга контрола на други. Да, во 2008 година судот изрече пресуда дека таа не е способна да работи и ја стави под грижа на таткото Џејми, сметајќи дека 38-годишната Бритни не е доволно стабилна сама да донесува важни одлуки за својот живот. И финансии.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Fanpage.it (@fanpage.it) onJul 15, 2020 at 7:51am PDT

Сите одлуки врзани за нејзиниот имот, односно недвижнини, финансиски средства, но и генерално животни одлуки, таа не може да ги донесе без согласност од нејзиниот татко и нивниот адвокат Едрју Валета.

Во медиумите се појавија и шпекулации дека татко ѝ ја користи оваа ситуација, како и тоа дека ја тера ќерка си да прави онака како што тој ќе каже, а една од неговите желби била да замине на светска турнеја за да заработат уште повеќе пари, иако за Бритни со кревкото ментално здравје тоа би претставувало преголем залак.

Пејачката минатата година заврши во психијатриска болница. Во прво време тврдеше дека сама се пријавила, но подоцна таблоидите објавија дека на суд изјавила дека нејзиниот татко, без нејзина согласност, ја натерал да оди на лечење и дека ја дрогирал со лекови кои порано обивала да ги пие, по препорака на доктор.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@janina.dippold) onJul 16, 2020 at 10:41pm PDT

Приказната тогаш ја потврди и нејзината мајка Лин, па многумина сметаат дека во јавноста намерно ја претставуваат за „луда“, за судот и понатаму да му биде наклонет на нејзиниот татко.

На страницата  change.org се појави петиција со која се бара на Бритни да ѝ биде дозволено да ангажира сопствен адвокат, за да може да се извлече од старателството кое татко ѝ го има над неа. Досега петицијата ја потпишале повеќе од 170.000 луѓе, а целта е 200.000.

Во меѓувреме, Бритни е активна на Инстаграм и платформата Тик Ток. Нејзините објави некогаш се бизарни, некогаш пак, сосема спротивни на тоа. Но, видеото во кое таа носи жолт топ привлече внимание. Имено, во една од објавите, каде носи цветен топ, во коментарите постои еден кој вели: „Ако ти треба помош, следниот пат облечи жолто“. На следното видео, таа носи жолт топ. Дали се работи за коинциденција или Бритни навистина со скришни знаци бара излез од ситуацијата, не е сè уште јасно.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Britney Spears (@britneyspears) onJun 30, 2020 at 1:46pm PD

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Britney Spears (@britneyspears) onJul 2, 2020 at 1:46pm PDT

Како понатаму ќе се развива оваа ситуација и дали воопшто движењето #FreeBritney кон кое се приклучуваат сè повеќе жени, а со кое се сака да се сврти вниманието на сите оние што немаат право на глас и кои се обесправени и петицијата, ќе направат некаква разлика за Бритни останува да видиме.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Rey Manuel (@mennygrey) onJul 16, 2020 at 10:30pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Nicole Mason (@nicmas82) onJul 16, 2020 at 10:14pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Bossy (@bossy.magazine) onJul 16, 2020 at 8:39pm PDT

 

 

 

Објавено:
17 јули 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
255 пати
Тагови: 
Бритни Спирс