Нова конкуренција во модниот свет: Ријана ќе основа свој бренд

9 август 2014

Rihanna-09-1080x1920

Музичката ѕвезда се подготвува да го освои модниот свет, но сама создавајќи свој бренд. Минатиот месец Ријана и нејзиниот тим се договараа околу се поврзанот со нејзиниот бренд, што ќе го носи името „Fenty“, инспирирано од презимето на пејачката.

Така, во рамки на овој бренд ќе се создаваат производи за убавина, козметика, облека, како и долна облека, ноќна облека, костими за капење, нокти...

Излгеда пејачката одлучила досегашното искуство како заштитно лице на MAC козметика, пафемите, како и модните кампањи на други брендови, да ги искористи во свои цели. Исто така, таа планира да има и линија за мажи.

Од она што е досега позната, производите од Fenty ќе имаат културно влијание, а најмногу ќе бидат насочени кон уличниот маркетинг.

Иако сè уште нема официјална потврда околу ваквиот потфат, странските медиуми почнаа да размислуваат, дали Ријана сама со својот бренд ќе има доволно успех. Во тој контекст се потенцира и на обидите на Бијонсе (House of Deron), Џенифер Лопез (Sweet Face), Линдзи Лохан да заработат од свој бренд, но успехот не беше забележан.

Иако тимот и Ријана се убдедени дека ќе успеат во ова, сепак не мислат сите така, особено имајќи ги предвид критиките што ги доби пејачката при соработката со брендот River Island, која беше оценета како потценувачка и банална.

Поделеноста на мислењата ја прават оваа приказна уште поинтересна, а каков ќе биде исходот, останува да видиме.

Објавено:
9 август 2014
Категорија: 
Актуел