Црниот фустан на Ријана од „Версаче“ е ново посакувано парче

13 април 2018

Како и голем број познати ѕвезди, така и Ријана, освен пеењето, одлучи полето на своето делување да го прошири, па лансираше неколку колекции облека, но и козметика.

Во сите бизниси котира успешно, а доказ за тоа е и неодамнешното лансирање на новата колекција декоративна козметика „Fenty Beauty“  за „Sephora“.

Промоцијата се случи во Милано, а Ријана за таа пригода се појави во црно фустанче од модниот бренд „Версаче“.

Со видно дотерана фигура, за разлика од претходно, ненападната шминка и брановидната коса, таа повторно го сврте сето внимание кон себе.

Особено привлечна беше и креацијата која стана вистински хит и меѓу модните магазини, но и социјалните мрежи.

Фустанот на средина го краси впечатлив ремен со златна тока, а пејачката се одлучи комбинацијата да ја заокружи со сандали во истата нијанса и масивни алки во златна и сребрена варијанта. На некој начин, со тоа сакаше да посочи на златните нијанси кои доминираат во новата линија.

Објавено:
13 април 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
761 пати