Црниот кожен фустан на „Версаче“ е парчето за кое во април годинава напишавме дека е новото омилено на голем број трендсетерки. И бевме во право, бидејќи едноставно доминираше по социјалните меидуми.

Токму тоа е фокусот и на денешниот стилски двобој.

Ријана го носеше меѓу првите на настанот по повод лансирање на новата колекција декоративна козметика „Fenty Beauty" за „Sephora“ одржана во април.

Тоа беше сосема доволно да ја поттикне неговата популарност во месеците потоа, а дека уште се носи говорат и неодамнешните фотографии на Алесандра Амбросио.

Имено, моделот пред неполн месец на Инстаграм сподели фотографии токму во оваа креација.

Додека Ријана го комбинираше со минималистички сандали со ремче, Алесандра се одлучи за црни кожени чизми над глужд.

На која подобро ѝ стои?

Објавено:
10 август 2018
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
748 пати