Стилски двобој: Ријана или Бијонсе?
•
5 август 2014
Прва во тексасна комбинација се појави Ријана и тоа во април 2013 година, а изгледот го имаше комплетирано со кожена капа, беж салонки и клач чанта од Џулиет Џејк.
Следна во сличен аутфит пред неколку денови се појави светската музичка дива Бијонсе која пенкало здолништето од Фрејм го имаше искомбинирано со тексас јакна од Шанел, чевли во златна нијанса од Кристијан Лубутан и очила за сонце од Казал.
Според вас, која од овие две дами изгледа подобро во оваа спортско – елегантна комбинација од тексас парчиња?