Иако колекцијата целосно не е лансирана во јавноста, сепак Џесика Алба и Софија Буш се појавија во бел краток фустан, А-крој со тантела на горниот дел.

Прва во оваа креација се појави Холивудската миленичка Џесика Алба и тоа на ревијата на H&M во Париз. Креацијата ја комбинираше со црни хулахопки и црни чевли.

Следејќи го примерот на Алба, актерката Софија Буш во Холивуд на претставувањето на колекцијата се појави во истата елегантна креација која ја имаше искомбинирано со впечатлив накит на рамената и неутрални беж салонки.

Според вас, на која актерка подобро и стои креацијата од шведскиот бренд?

Објавено:
22 април 2014
Категорија: 
Стилски двобој