Познатата судијка од Икс Фактор, Шерил Кол се појави во креацијата на Мекартни од ресорт колекцијата за 2014 година за време на аудицијата во Њукасл, а фустанот го имаше искомбнирано со неутрална беж нијанса на чевли и впечатлива алка.

Претходно во оваа креација се имаше појавено Џенифер Хадсон и тоа на церемонијата на добивање ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд, во истата креација, но комбинирана со бели чевли од Џанвито Роси.

Според вас, која од двете дами изгледа поубаво во креацијата на Стела Мекартни?

Објавено:
7 јули 2014
Категорија: 
Стилски двобој