Гема Чан се појави на премиерата на филмот „Jack Ryan Shadow Recruit“ во Лондон носејќи фустан во А - крој со цветни апликации и прерамка на едно рамо во комбинација со клач чанта од истиот бренд и бели салонки од Џанвито Роси.

Од друга страна, Дафне Фернандез на доделувањето на Fotogramas Magazine Awards се појави во истата креација, исто така во комбинација со клач чанта од Барбери и металик чевли.

Според вас, која од овие две дами подобро изгледа во креацијата од Burberry Prorsum?

Објавено:
6 мај 2014
Категорија: 
Стилски двобој