Стилски двобој: Никол Ричи или Дафне Фернандес?

18 ноември 2013

Американската актерка, дизајнер и тв презентер Никол Ричи на модната недела во Париз реши да се појави на ревијата на Стела Мекартни во нејзина креација. Фустанот во црно – бели пруги го надополни со темни очила за сонце, црно палто и црни салонки.

Дафне Фернандес истата креација ја носеше на доделувањето на Fotogramas Awards во Мадрид. Изгледот го надополни со црни сандали,  клач чанта и обетки.

Според вас, на која од нив две подобро и стои креацијата на Стела Мекартни?

Објавено:
18 ноември 2013
Категорија: 
Стилски двобој