Нешто пониските температури нè инспирираа денешниот стилски двобој да го посветиме на есенски комбинации.
Креации на Баленсијага и Барбери со деловна нота се нашиот избор.
Баленсијага во пред-есенската колекција со потпис на Александар Ванг, нуди чист, минималистички израз. Црните тесни панталони до глужд и високи струк се нешто што секоја деловна жена треба да го има во својот гардеробер. Во комбинација со бела кошула и црн шал со големи копчиња, и секако високи потетици, се добива софистициран секси изглед.
Од друга страна, Барбери Прорсум панталоните со сличен крој ги комбинира со маица со принт и кратка јакна со ¾ ракави. Кога се обувките во прашање, нивниот избор се црни получизми со високи потпетици, а од модните додатоци, тигреската чанта внесува сексапил и динамика.
Што би носеле вие?