Џанвито Роси направи вистински бум во 2007 година кога ја претстави својата прва колекција женски чевли на модната недела во Милано. Тој е син на легендарниот дизајнер за чевли Серџио Роси, но во некои сегменти успеа да ја надмине и неговата работа.
Чевлите на Роси за кратко време ги освоија срцата на голем број трендсетерки, а една од неговите фанови е и хрватската пејачка Северина, која изминативе неколку месеци на јавни настани се појавуваше во модели на чевли токму од овој дизајнер.
Колекцијата сандали за пролет/лето 2014 година е наменета за сите софистицирани дами кои ја негуваат женственоста и елеганцијата и кои дефинитивно сакаат да привлечат внимание. Чевлите на висока потпетица се во црна, златна, сребрена, беж и црвена нијанса, а доколку сакате да го поседувате овој гламурозен луксуз, тогаш треба да одвоите од 400 до 1000 евра за еден пар чевли од Џанвито Роси.