Северина воодушеви во креација на Ланвин

10 декември 2014

Северина Вучковиќ на промоцијата на DVD-то од нејзината последна турнеја и книгата „Severina: Dobrodošao u klub - Backstage" се појави во плисиран кожен фустан со здолниште во А – крој, со потпис од францускиот бренд Ланвин.

Пејачката е позната по промоцијата на парчиња од познати регионални дизајнери, но сепак не ја крие својата страст кон луксузни креации, од познатите светски модни куќи. Па така и овој пат, Северина воодушеви со ефектниот изглед, комплетиран со плик чанта од Џими Чу, бел крзнен шал префрлен преку рамото и минималистички сандали од Џанвито Роси.

Преземено од Elle.rs
Објавено:
10 декември 2014
Категорија: 
Актуел