Стилски двобој: Kој фустан од Ланвин би сакале да го носите?
•
9 декември 2014
Модната куќа Ланвин понуди два фустани со различна форма и должина, кои би биле совршени за посвечени настани
Првата креација е краток фустан со релјефна структура и дискретни реси со светкави детали. Дизајнот на фустанот нуди истакнување на струкот, а изгледот е дополнет со плик чанта и црни салонки.
Втората креација е долг фустан, тесен на горниот и волуменозен на долниот дел. Фустанот е без ракави, комплетиран со впечатлив ѓердан, клач чанта и чевли.
Која креација од Ланвин би сакале да ја носите?