Стилски двобој: Кој фустан од Роланд Мурет би сакале да го носите?

15 декември 2014

Роланд Мурет понуди два модели на свечени тоалети и тоа во црна и бела боја.

Првата креација е црн долг фустан, на едно рамо, со мал пеплум, а надоле моделот продолжува во сирена стил. Фустанот е комплетиран со клач чанта, чевли и впечатлив прстен.

Втората креација е во тотално спротивност од првата, односно во бела боја. Фустанот е делумно волуменозен во делот на рамената и долниот дол, со истакнат струк и мал шлиц на предниот дел. Моделот е комплетиран со чевли, чанта и масивна алка.

Која од двете креации на Роланд Мурет би сакале да ја носите?

Објавено:
15 декември 2014
Категорија: 
Стилски двобој