Стилски двобој: Кој фустан од Ланван би сакале да го носите?
•
29 декември 2014
Првата креација е долг фустан од Ланван во бледо сива нијанса, на едно рамо со набори на горниот дел и долг страничен шлиц. Изгледот е комплетиран со клач чанта, чевли и впечатливи обетки.
Втората креација од модната куќа исто така е долг фустан, но во бела боја, со кратки ракави, врзан на задниот дел и надоле продолжува со набори. Фустанот е комплетиран со клач чанта, чевли и масивна алка.
Која од двете креации на Ланван би бил вашиот избор за новогодишната прослава?