Овој пат стилскиот двобој е помеѓу два музичари кои не само што се одлучија да носат исто парче, туку се појавија и на ист настан, на забава во Беверли  Хилс.  Сакото со пруги во црно – бела комбинација бил избор на двајцата рапери, со тоа што Ни – Јо го комбинираше парчето со кожени панталони, капа, очила за сонце, накит и чизми.

За разлика од него, Виз Калифа направил интересна елегантно – спортска комбинација со тоа што сакото од Сен Лоран го имаше искомбинирано со класични црни панталони, чевли со интересен принт, капа,очила за сонце и впечатлив накит без маица.

Според вас, кој од двајцата музичари подобро го има искомбинирано сакото во принт од Сен Лоран?

Објавено:
13 јануари 2014
Категорија: 
Стилски двобој