Црно белата комбијација ќе биде ин оваа сезона, па токму поради тоа решивме стилскиот двобој да го направиме помеѓу две познати светски трендсетерки кои ги пратат модните трендови.Црно - белиот фустан на Александар Ванг дефинитивно ги освои симпатиите на припадничките на понежниот пол, а оваа негова креација ја носеа Ријана и Парис Хилтон

Ријана прва го облече овој фустан на забавата на раперот Кање Вест во Њујорк. Креацијата ја имаше искомбинирано со црни чевли на висока потпетица, сребрени обетки и сребрена алка, а Парис неколку дена подоцна на гостувањето во шоуто на Дејвид Летерман, изгледот го дополни со аксесоари од Нина Ричи и чевли од Ив Сен Лоран. Според вас, на кој подобро и стои краткиот фустан со потпис од Александар Ванг?

Објавено:
12 јуни 2013
Категорија: 
Стилски двобој