Беспрекорна елеганција на двојките на мразот во Сочи

14 февруари 2014

Зимските Олимписки Игри во Сочи оваа година ни дадоа навистина голем повод за уживање. Но, се чини дека двојките на мраз најмногу ни го задржаа вниманието.

Покрај тоа што се одлични, тие имаат и навистина уникатно чувство за стил. Буквално секоја двојка на мразот прикажа одличен стил со елегантните комбинации што ги имаа како жените, така и мажите.

Највпечатливи според многумина беа неверојатните Елена Илиник и Никита Катсалапов од Русија кои лизгаа на композицијата „Лебедово езеро“ и буквално изгледаа како елегантни лебеди.

Покрај нивната одлична изведба на танцот и освоеното трето место, тие изгледаа едноставно феноменално, особено Елена која беше кралица на мразот во костимот на „Црниот лебед“.

На мразот одлично изгледаа и останатите двојки, а меѓу највпечатливите беше и двојката од Франција. Нив можевме да ги видиме во одлични црно – бели костими, сосема елегантни и соодветни за настанот.

Прекрасни колоритни костими имаше и двојката од Канада, сосема разиграни и весели и полни со самодоверба. Шармантната Кристен носеше креативен костим со ситни циркони и многу весели комбинации од бои со елегантна пунџа украсена со цветови.

Канада

Со сите пердуви, прекрасни бои, богати дизајни на беспрекорните костими и тотална елеганција од страна на лизгачките двојки, тие уште еднаш покажаа дека лизгањето на мраз е еден од најелегантните спортови на светот со одлична и неповторлива мода!

Во галеријата погледнете некои од највпечатливите двојки кои беа дел од овогодинешните Зимски Олимписки Игри во Сочи.

Објавено:
14 февруари 2014
Категорија: 
Актуел