Фондацијата за парфеми им додели награди на најуспешните

17 јуни 2014

Фондацијата за парфеми (Fragrance Foundation), е непрофитна организација од Велика Британија и  секоја година ги почестува главните брендови за производство на парфеми со манифестација на која најзаслужните добиваат награди и признанија. Победниците во категориите најдобри машки и женски парфеми на годината, како и најдобри рекламни кампањи на годината беа објавени вчеравечер во Њујорк.

Дана Карвеј, Елизабет Мусмано и Ања Зиорова Дана Карвеј, Елизабет Мусмано и Ања Зиорова

Парфумер е ретка професија, и тоа е работа која станува дел од животите на безброј луѓе во целиот свет. Претставниците на оваа толку интересна и несекојдневна професија се собраа во Њујорк организирајќи мала забава по повод главната церемонија за доделување на награди.

Карин Ројтфелд Карин Ројтфелд

„Вкусовите се важни бидејќи ни ја јакнат самодовербата, а истото се случува и со нашето сетило за мирис, човекот е навистина најмоќно и најсовршено живо битие на земјата“ изјави вереникот на Бехати Принсло, пејачот Адам Левин.

Коко Роша Коко Роша

Меѓу победниците во различни категории се најдоа имињата на Џорџо Армани, Том Форд, Ралф Лорен, Клиник, Жан Пол Готје, Шанел и многу други. Меѓу присутните гости можеа да се видат голем број претставници од музичката индустрија, светот на модата и филмот Карин Ројтфелд, Коко Роша, Марина Линчук, Келан Луц...

Објавено:
17 јуни 2014
Категорија: 
Сцена