Фронтменот на популарниот бенд Maroon 5 е во брак со прекрасната манекенка Бехати Принсло од 2014 – тата година, а заедно ги имаат слатките ќерки Дасти Роуз (2 години) и Џио Грејс (7 месеци).

Тие важат за една од најубавите двојки во светот, па воопшто не е чудно што и нивните две ќерки се вистински убавици.

Неодамна двојката беше фотографирана на прошетка со нивните дечиња кои се преслатки дами уште од мали нозе.

Адам и Бехати се дефинитивно едни од најстилските луѓе во шоу бизнисот, па така манекенката многу често можеме да ја видиме во стилски комбинации кои неодоливо потсетуваат на оние што ги обожававме во 90 – тите години.

Нејзиниот сопруг е подеднакво тренди, па речиси секогаш можеме да го видиме во лежерни спортски комбинации и патики во кои изгледа одлично.

Во моментов, тој е еден од судиите во популарното американско шоу „The Voice“, а неговата сопруга се очекува да се врати на пистата на спектакуларното шоу на Викторија Сикрет околу Нова година.

Погледнете ги нивните преслатки ќеркички погоре во галеријата.

Извор и фото: Daily Mail

Објавено:
9 октомври 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
942 пати