Адидас го тужи Марк Џејкобс

14 април 2015

Тимот на Адидас повторно се обрати кај нивните адвокати, а овојпат предмет на тужба е брендот Marc by Marc Jacobs.

Познатиот спортски бренд го тужи дизајнерот поради одредени парчиња од неговата есен/зима 2014 година во кои и повеќе од очигледна е употребата на трите познати линии на ракавите на креациите.

Од брендот тврдат дека дизајнерот „намерно ги употребил и присвоил трите линии што долги години се заштитен знак на Адидас“.

Спортскиот бренд бара тие парчиња да се отстранат, поради тоа што е многу веројатно дека купувачите ќе се збунат дека станува збор за соработка помеѓу Адидас и Марк Џејкобс.

Ова не е прв пат брендот да тужи поради употреба на нивни препознатливи детали. Во февруари, Адидас ја тужеше дизајнерката Изабел Марант поради неколку нејзини патики кои неодоливо наликуваа на колекциите на Адидас.

Она што е особено интересно е тоа што минатиот месец Марк Џејкобс објави дека брендот Marc by Marc Jacobs згаснува, односно се соединува со основната линија на дизајнерот.

Објавено:
14 април 2015
Категорија: 
Актуел