И покрај тоа што принцезата Шарлот нема ни година дена, таа е веќе инспирација за интернационалните брендови. Како пренесува порталот WWD, дизајнерот Марк Џејкобс наскоро ќе лансира нов кармин инспириран токму од малата принцеза.
Производот ќе биде дел од Le Marc lip crème колекцијата, а ќе го носи токму името на ќерката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.
-Карминот е инспирација од најтемните водени розови тонови на англиската роза. Сакавме овој нов чекор на компанијата да биде запаметен по создавањето на нијанса по нарачка, во рамки на Le Marc lip crème – вели Кетриин Гор, заменик претседател и генерален менаџер во Marc Jacobs Beauty.
Таа додава дека за сега, карминот Charlotte е достапен само во Лондон во Harrods, додека останатите купувачи ќе можат да го порачаат онлајн на страната на Mac Jacobs Beauty.