Александар Ванг навистина заминува од Баленсијага

29 јули 2015

По гласините кои започнаа пред неколку недели, пристигна и официјалната потврда дека дизајнерот Александар Ванг нема повеќе да биде креативен директор на Баленсијага.

Како пренесува WWD, конкретните причини сè уште не се откриваат, но се претпоставува дека зафатениот распоред е една од нив. Дизајнерот сака да се посвети повеќе на градење на својот бренд и да отвори бутик во Лондон.

Последната ревија што Баленсијага ќе ја претстави со негов потпис ќе биде онаа во септември за пролет-лето 2016 година.

Сопственикот на француската модна куќа, Керинг, не ја исклучува можноста на местото на Ванг да дојде некој помалку познат, но талентиран дизајнер, како што Гучи направи со Алесандро Микеле.

Објавено:
29 јули 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
363 пати