Магазинот WWD неодамна објави информација која предизвика лавина реакции во модниот свет. Имено се работи за претпоставка дека младиот и успешен дизајнер Александар Ванг ќе ја напушти позицијата на креативен директор во Баленсијага. Иако оваа информација не е потврдена, сепак веќе почна да се шпекулира кои би биле причините за овој неочекуван чекор на дизајнерот, со оглед на фактот дека тој одлично функционира во рамките на брендот и е доста успешно позициониран на пазарот. Во потесните модни кругови се „шушка“ дека како причина би можело да се посочи тоа што Ванг е преоптеретен со паралелните ангажмани во неговиот бренд и во Баленсијага и дека е во потрага по инвеститори кои финансиски би го потпомогнале неговиот бренд.
Независно каков ќе биде резултатот на тековната ситуација, она што е сигурно е дека во септември Ванг ќе ја промовира својата пролетна колекција за Баленсијага.