Викторија Бекам ќе дизајнира за H&M?

15 ноември 2013

По огромниот успех на колекцијата на Изабел Марант за H & M, веќе се шушка кој би можел да биде новиот дизајнер што ќе создаде колекција за шведскиот гигант.

Низ модните кругови се шпекулира дека следниот дизајнер со кој ќе соработува брендот би можела да биде ултра талентираната Викторија Бекам. Покрај нејзиното име се споменуваат и неколку други.

Па така, во трката за нов дизајнер на H & M се најдоа и Миуча Прада, Александар Ванг и Селин.

Ние потајно навиваме за Викторија, а што мислите вие, кој ќе биде следниот голем дизајнер што ќе соработува со одличниот шведски бренд?

Објавено:
15 ноември 2013
Категорија: 
Актуел