Ова е најдобрата модна соработка за 2013!

19 декември 2013

Со оглед на огромниот број редици ширум продавниците низ светот и повеќе од јасно беше дека соработката на Изабел Марант со H & M ќе биде прогласена за најдобрата и најуспешната за 2013 година.

Ова нам воопшто и не не изненади бидејќи и повеќе од јасно беше дека линијата на одличната дизајнерка и ултра популарниот бренд ќе доживее вистински успех.

Во колекцијата за H & M дизајнерката вклучи навистина носливи парчиња за мажи и жени од кои сите се одушевија.

„Оваа соработка со H & M беше одлична можност да го повторам она што обожувам да го правам со моите колекции и да ја споделам љубовта со пошироката публика“, изјави неодамна Изабел.

Објавено:
19 декември 2013
Категорија: 
Актуел