Изабел Марант: Политичарите треба да учат од дизајнерите

7 декември 2013

Политичарите имаат многу да учат од етиката на модните дизајнери, вели славната Изабел Марант.

-Понекогаш посакувам да бидам политичар, вели таа. Ако политичарите ја имаат истата вредносна енергија која ние ја даваме во изработка на колекциите, јас мислам дека тие би биле одлични. Ако, мојата компанија работи на истиот начин како и владата, тогаш мојот бизнис немаше да биде таму каде што е сега. Ние сме вовлечени во систем каде е многу тешко да го пронајдеш својот пат, изјавува Марант.

Сепак, Изабел има уникатен идентитет, кој е изразен преку бохо стилот кој се развива уште на нејзина рана возраст,а чувство за опуштена елеганција и е усогласено со традиционалните форми на убавина. Во продолжение на интервјуто таа открива за периодите и доживувањата од детството.

-Мојата мајка беше Германска манекенка, многу убава, а јас бев мало и грдо девојче. Да, навистина бев. Тогаш и мојот брат беше мал и сладок и сите мислеа дека тој е девојче, а јас момче. Кога потпораснав трагав дефинирајќи се и се впуштив во музичките води, кои тогаш имаа големо влијание врз мене, дополнува Марант.

Затоа, понатаму во својата дизајнерска кариера таа најмногу се инспирира од рок пејачките.

-Тие се женствени и груби, кај нив има сила но и кревкост, тоа е мојата главна водилка за инспирација во дизајнот. Рокерите сакаат да се чувствуваат модерно, но удобно и едноставно.

Изабел Марант е одговорна за дизајнот на најкопираните парчиња во модната индустрија, а во контекст на тоа таа вели дека не постои формула за создавање на култ. Наместо тоа таа има за цел да постигне „совршена точка“ во работата која и да биде копирана, сепак ќе се издвојува.

-Кога го дизајнирав парчето за кое сметав дека ќе стане најпосакувано, помислив, веднаш јави му се на адвокатот, ова сите ќе го копираат. И да, сега многу комерцијални брендови ја копираат мојата работа, но јас се помирив со тоа. Она од што се инспирирам е длабоко во мојата душа, и тоа никој не може да ми го украде зашто е уникатно, завршува Марант.

Инаку, дизајнерката направи бум низ светот со последната колекција која ја изработи во соработка со шведскиот бренд H&M, а токму за тие парчиња пред продавниците се чекаа редици, дури и славните не ги заобиколија иако беа искомерцијализирани.

Објавено:
7 декември 2013
Категорија: 
Стории