Изабел Марант е обвинета за копирање

5 февруари 2015

1-img_6303_5436fd319606ee2661f2eb48

Изабел Марант е жената што ги дизајнираше едни од најкопираните модели на патики во светот. Сепак, овој пат француската дизајнерка се наоѓа од другата страна – таа е обвинета за копирање. Се работи за задниот, обоен дел на надворешниот дел од петата на патиките.И во двата случаја е искористена црвената боја и името на дизајнерот. Спортската компанија во 2008 година доби судски спор со Payless Shoes, со што го заштити нивниот дизајнерски изум.

collage1

Оттаму сметаат дека тоа е еден од нивните препознатливи знаци и многумина токму поради тој дел се идентификуваат со брендот.

Иако според The Fashon Law, спортската компанија има основа да ја тужи Изабел Марант, сепак има нешта кои укажуваат на различности помеѓу двата модела на патики. На Adidas патиките е користена црвена боја, додека кај Изабел Марант е металик црвена. Во двата случаја буквите се бели, но фонтот и големината на истиот е различна. Исто така, спортскиот бренд користи темен конец при изработка на тој дел, додека кај Марант е употребен бел конец, а во вакви случаи и овие навидум ситни нешта се важни.

Screen Shot 2014-11-24 at 18.37.57

Но, она што е најважно е и за што се води борбата е, дали купувачите ќе бидат збунети помеѓу патиките на Марант од околу 360 евра и оние на Adidas од околу 80 евра, како и дали сличноста помеѓу моделите ќе влијае врз потрошувачката на производите на тужителот.

Каков крај ќе имаа оваа судска приказна, останува да видиме.

Објавено:
5 февруари 2015
Категорија: 
Актуел