Американски Vogue ги прекина сите соработки со Тери Ричардсон

22 април 2014

На веќе „озогласеното портфолио“ на познатиот фотограф Тери Ричардсон, изминатиов викенд се „прилепи“ уште еден скандал. Имено, станува збор за обвинување од страна на одговорниот тим на американската едиција на списанието Voguе. Се чини дека Ричардсон и упатил непристојна понуда на британската манекенка Ема Аплтон за време на сликањето на фотосесијата за списанието.

„Ние не планираме да работиме со него во иднина“, децидно изјавија уредниците на магазинот.

Манекенката се одлучи да покрене обвинение против фотографот, која што на својот Твитер профил ја објави пораката на фотографот во која пишува дека и бара сексуални услуги, а во замена за тоа и ветува дека ќе се најде на насловната на списанието.

И покрај тоа што немилиот настан се случи овој викенд за време на Велигденските празници, сепак двете страни не чекаа и веднаш дадоа изјави за медиумите. Фотографот се оградува и ги негира обвинувањата, но за волја на вистината факт е дека името на Тери Ричардсон изминатиов период беше поврзано со неколку секс-скандали што веќе не е ни важно дали е виновен или не. Сепак официјалните информации ќе бидат објавени по завршувањето на истрагата,  а до тогаш модниот свет прашува: Дали е ова крај на славната кариера на Ричардсон?

Објавено:
22 април 2014
Категорија: 
Актуел