Жизел Бундшен пред објективот на Тери Ричардсон
•
20 мај 2015
Насловната страна на магазинот W Korea за јуни ќе ја краси убавата Жизел Бундшен. Она што е интересно е што за оваа фотосесија за магазинот е ангажиран контроверзниот Тери Ричардсон.
Овој пат фотографот се фокусираше на летните комбинации и пози, па Жизел позира во џинс-парчиња, интересен накит, риги и со многу чанти со потпис на Шанел.
Инаку, за потсетување, Жизел годинава прослави 20 години во светот на моделингот. Погледнете дел од фотографиите во продолжение: